Чавушоглу: Езидите се наоѓаат во канџите и под тиранијата на терористите на ПКК

„Болката на масакрот што го изврши ДЕАШ пред точно 6 години врз Езидите се уште е во нашите мемории. За жал Езидите кои се спасија од зулумот на ДЕАШ и денеска се наоѓаат во канџите и под зулумот (тиранијата) на тероризмот на ПКК.“ - напиша Чавушоглу

1466406
Чавушоглу: Езидите се наоѓаат во канџите и под тиранијата на терористите на ПКК

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вп споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека не е заборавена болката за Езидите коишто беа измасакрирани од страна на терористичката организација ДЕАШ пред 6 години во населеното место Синџар кај градот Мосул и нагласи дека Езидите и денеска се наоѓаат под зулумот (тиранијата) на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Чавушоглу во својата споделена порака го напиша следното: „Болката на масакрот што го изврши ДЕАШ пред точно 6 години врз Езидите се уште е во нашите мемории. За жал Езидите кои се спасија од зулумот на ДЕАШ и денеска се наоѓаат во канџите и под зулумот (тиранијата) на тероризмот на ПКК.“

Инаку, терористичката организација ДЕАШ на 3 август 2014 година изврши напад врз градчето Синџар при што киднапира илјадници жени и деца Езиди, а уби голем број Езиди мажи.

Откако ДЕАШ во јуни 2014 година окупира една третина од територијата на Ирак и поради вооружените судири коишто беа водени потоа повеќе од 5 милиони Ирачани ги напуштија своите домови и беа принудени да се засолнат во побезбедните градови во северните и јужните делови на Ирак.

И покрај тоа што беше соопштено дека во декември 2017 година Ирак е исчистен од ДЕАШ, стотици илјади иселени Ирачани се уште не можат да се вратат назад во своите домови.



Слични вести