Тежок удар врз терористичката организација ЈПГ/ПКК во јули: Неутрализирани се 106 терористи

Во месец јули 2020 година се неутрализирани 106 терористи со што и е нанесен тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1465840
Тежок удар врз терористичката организација ЈПГ/ПКК во јули: Неутрализирани се 106 терористи

Во успешно реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која си цел нарушување на мирот, спокојството и безбедноста на Турција не се воздржува од напаѓање дури и на бебињата и децата, во месец јули се неутрализирани 106 терористи.

Беспоштедното и неуморно следење од страна на Турските вооружени сили (ТВС), Генералната дирекција на полицијата (ЕГМ), Генералната команда на жандармеријата и Националната разузнавачка служба (МИТ) против терористичките организации кои се обидуваат да го расипат спокојството и братството во земјата, со поддршка и на безбедносните чувари продолжува со одлучност.

Во тие рамки, безбедносните сили кои деноноќно продолжуваат беспоштедно со следење на терористите како во градовите и реалните подрачја внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата, и покрај неповолните временски услови и тешките теренски услови со недели како ги продолжуваат операциите во руралните подрачја така што и нанесоа тежок удар на терористичката организација ЈПГ/ПКК и во текот на минатиот месец (јули).

Во реализираните операции внатре во границите на земјата и надвор преку границата во периодот од 1 до 31 јули се неутрализирани 106 терористи.

Во операциите коишто се реализирани во овој период во голем број градови против крволочната терористичка организација ПКК и нејзините младински ограноци се притворени 155 осомничени од кои 62'јца се уапсени.

Безбедносните сили непрекинато ги продолжуваат своите активности за елиминирање на терористичките елементи внатре во границите на земјата и надвор преку границата.



Слични вести