Претседателот Ердоган им го честиташе Курбан Бајрам на лидерите на неколку земји

Претседателот Ердоган по повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на некои земји на кои им го честиташе празникот

1465785
Претседателот Ердоган им го честиташе Курбан Бајрам на лидерите на неколку земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговори со пакистанскиот претседател Ариф Алви и пакистанскиот премиер Имран Хан, ирачкиот премиер Мустафа ел-Казими и претседателот на Парламентот на Тунис Рашид ал Гануши на кои им го честиташе муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во овие остварени телефонски разговори лидерите си го честитаа Курбан Бајрам и ја нагласија одлучноста за развивање на билатералните односи и зајакнување на соработката во однос на регионални прашања.



Слични вести