Претседателот Ердоган им го честиташе Курбан Бајрам на лидерите на некои земји

Претседателот Ердоган по повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на некои земји со кои си го честитаа Бајрам

1465409
Претседателот Ердоган им го честиташе Курбан Бајрам на лидерите на некои земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговори и им го честиташе Курбан Бајрам на лидерите на некои земји. 

Претседателот Ердоган им го честиташе Курбан Бајрам на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, иранскиот претседател Хасан Рухани, султанот на Оман Хејсем бин Тарик, претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, претседателот на Алжир Абдулмеџид Тебун, претседателот на Тунис Каис Саид, претседателот на Киргистан Сооронбај Џеенбеков, ирачкиот претседател Бархам Салих и потпретседател на Домот на Народите на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во овие остварени телефонски разговори лидерите си го честитаа меѓусебно муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам и ја нагласија одлучноста за развивање на билатералните односи и соработката по прашањето на регионалните односи.



Слични вести