Ердоган: Отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз) ја зголеми нашата бајрамска радост

Претседателот Ердоган истакна дека отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз) на 24 јули ја зголеми уште повеќе бајрамската радост

1465606
Ердоган: Отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз) ја зголеми нашата бајрамска радост

Претседателот на Турција и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција им го честиташе Курбан Бајрам на своите сопартијци.

Претседателот Ердоган во своето обраќање во оваа пригода истакна дека отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз) на 24 јули ја зголеми уште повеќе бајрамската радост.

Тој рече дека нема да западнат во стапицата на полемики коишто немаат корист за земјата и народот.

„Сакаме нашиот голем конгрес да го претвориме во пресвртница (ера) на еден нов полет, ново воскреснување, ново возвишување.“ - порача Ердоган.

Правејќи проценка во врска со отворањето на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи (Големата Џамија Аја Софија) за верски обред (клањање намаз), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Отворањето за верски обред (клањање намаз) на Аја Софија на 24 јули којашто беше 86 годишна рана во срцето на нашиот народ ја зголеми уште повеќе нашата бајрамска радост.“



Слични вести