Министерот Акар и командантите на ТВС во обиколка на границите со Грција и Бугарија

Согласно принципите за добрососедски односи, продолжуваат активностите за одржување на добрите односи со сите соседи, особено со Грција и Бугарија

1464986
Министерот Акар и командантите на ТВС во обиколка на границите со Грција и Бугарија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите на Турските вооружени сили (ТВС) престојуваат во посета и обиколка на граничните единици со Грција и Бугарија.

Министерот Акар заедно со командантите на ТВС заминаа за Едирне каде што ќе ги посетат граничните единици и ќе извршат смотра.

Акар и командантите бајрамскиот намаз го клањаа во џамијата Селимије.

По клањањето на бајрамскиот намаз, Акар одговараше на прашањата на новинарите во врска со посетата и обиколката и рече:

„Согласно принципите за добрососедски односи, продолжуваат активностите за одржување на добрите односи со сите соседи, особено со Грција и Бугарија. Затоа ние го браниме ставот дека овдешните активности треба да се засноваат на добрососедски односи. Турција направи се што е во нејзина можност на тоа поле. Затоа ќе продолжиме со разговорите и преговорите.

Сите активности ги остваруваме со голема сериозност и чувствителност.

Во претстојните денови во Анкара очекуваме да одржиме состанок со грчките соседи. На овие си лични состаноци вложуваме напори да најдеме решение на проблемите. Нашите активности се насочени во таа насока, рече Акар.



Слични вести