Денес во Аја Софија по период од 86 години повторно се клањаше бајрамски намаз

Четиридневниот празник се одбележува под сенката на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19)

1465157
Денес во Аја Софија по период од 86 години повторно се клањаше бајрамски намаз
ayasofya namaz2.jpg
ayasofya namaz1.jpg
ayasofya namaz.jpg
cami namaz.jpg
ayasofya namaz2.jpg
ayasofya namaz1.jpg
ayasofya namaz.jpg
cami namaz.jpg

Празникот Курбан бајрам почна да се одбележува во целата земја и светот.

Четиридневниот празник се одбележува под сенката на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Граѓаните бајрамскиот намаз го клањаа согласно павилата за физичка дистанца и хигиена.

Првиот бајрамски намаз во џамијата Аја Софија која по период од 86 години повторно беше отворена за богослужба го клањаше претседателот на Управата за верски работи на Турција проф. Д-р Али Ербаш.

Првиот бајрамски намаз во џамијата Аја Софија беше клањан со учество на илјадници граѓани кои ја исполнија џамијата и околината.

Претседателот на Управата за верски работи по период од 86 години во Аја Софија ја прочита првата хутба и рече:

„Сите заедно да уживаме во спокојството на празникот. Овие драгоцни денови да не ги претвориме во тага поради епидемијата која се шири. Треба да бидеме попретпазливи и да внимаваме на правилата за носење маска и физичката дистанца. Во овие празнични денови исто така да бидеме попретпазливи од аспект на ракувањето и прегрнувањето поради епидемијата.

Го молам Свевишниот Господ да не сочува од сите несреќи и бељи. Да не ослобди од епидемиите, војните и тагите. Да ни даде здравје и живот да се состанеме на уште низа бериќетни празници. Да вечува божјата благодет, милост и благонаклоност. Честит курбан бајрам, рече Ербаш.



Слични вести