Воздушните и копнените сили на Турција и Азербејџан започнаа сеопфатна воена вежба

Во рамките на воената вежба ќе се реализираат различни задачи и инструкции, а исто така ќе се изврши артилериско гаѓање од оклопните возила, артилериските орудија и минофрлачите врз импровизираните непријатели.

1464380
Воздушните и копнените сили на Турција и Азербејџан започнаа сеопфатна воена вежба

Воздушните и копнените сили на Турција и Азербејџан започнаа сеопфатна воена вежба.

Во воздушната вежба која започна учествуваат воени авиони и хеликоптери на двете земји.

Воената вежба која ќе се реализира во градовите Баку, Нахчиван, Генџе, Ќурдемир и Јевлах ќе трае до 10 август.

Воената вежба на копнените сили ќе се реализира во Баку и Нахчиван и ќе трае од 1 до 5 август.

Слични вести