Претседателот Ердоган: „Честит нека ни ви е Курбан бајрам“

Во период кога се наоѓаме на прагот на август „месецот на победи“ во нашата историја, се надевам дека ќе им оставиме нови победи на нашите деца и потомци

1464797
Претседателот Ердоган: „Честит нека ни ви е Курбан бајрам“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека активностите коишто Турција ги зпаочна за заштита на своите права во Источниот медитеран и Егејот, ќе продолжат до крај.

Претседателот Ердоган во видеопораката што ја објави по повод верскиот празник Курбан бајрам, на сите граѓани на Турција и целиот исламски свет им посака среќни бајрамски празници и да биде средство за добрина за човештвото.

Турција, периодот на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ја водеше многу успешно, не само во областа на здравството туку и во сите други области, поради што се стекна со респект од страна на целиот свет. Со процесот на нормализација, животот речиси во сите сектори, освен во туризмот, достигна динамика која ја имавме пред епидемијата.

Во период кога се наоѓаме на прагот на август „месецот на победи“ во нашата историја, се надевам дека ќе им оставиме нови победи на нашите деца и потомци.

„Одлучни сме борбите што ги водиме како за нас така и за нашите пријатели и браќа во Ирак, Сирија, Либија да ги окончаме со победи. Активносстите коишто ги започнаве за заштита на нашите права во Источниот Медитеран и Егејското Море, решителни сме да ги продолжиме до крај.

Како во примерот со повторното отворање на џамијата Аја Софија за вероисповест, Турција нема да се двоуми да ги искористи и брани своите суверени права.

Турција секогаш ќе биде на страната на угнетените и обесправените, без оглед на тоа каде и да живеат, каде и да се наоѓаат, на која етничка или верска заедница припаѓаат.

Посакувам празникот Курбан бајрам да донесе спокојство во душата на сите граѓани на Турција, во светот мир. Честит нека ни ви е курбан бајрам (Bayramınız mübarek olsun) рече претседателот Ердоган.



Слични вести