Акар: „Турција има право да врши истражувања во Источниот Медитеран и ТРСК“

Кипарското прашање е наша национална кауза

1464433
Акар: „Турција има право да врши истражувања во Источниот Медитеран и ТРСК“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека Турција има право да врши истражувања во лиценцираните поморски области во Источниот Медитеран и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за кои има добиено одобрение.

Во говорот на приемот што беше приреден по повод Денот на вооружените сили на ТРСК, министерот Акар рече:

„Кипарското прашање е наша национална кауза. Определувањето на сферите на поморските овластувања, заштитата на еднаквите суверени права, праведната поделба на изворите на природни богатства се само некои од позначајните поглавја. Никој не може да влијае или да се обиде да не спреч во однос на овие прашања. Нашата овлучност во врска со наведените прашања ја изнесовме безброј пати. Истие ќе ги реализираме. Сетоа што го правиме и преземаме е во согласност со правото, меѓународното право, поморското право.“

Министерот Акар исто така порача дека Турција на страните им ја изразиле спремноста на Турција за одржување на 4-та рунда на преговори во Анкара, кои беа постигнати во рамките на мерките за градење доверба со грчката страна.



Слични вести