Знатно намален бројот на смртните случаи во последните месец дена во Турција

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 211 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 211 561

1463717
Знатно намален бројот на смртните случаи во последните месец дена во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 15 и вкупно изнесува 5 645 лица.

Во истиот период беа остварени 47 412 тестови од кои 963 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 211 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 211 561.



Слични вести