Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 996 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 212 557.

1464197
Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 14 и вкупно изнесува 5 659 лица.

Во истиот период беа остварени 45 712 тестови од кои 942 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 996 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 212 557.



Слични вести