Турските војници на заедничка вежба во Нахчиван

Заедничката воена вежба во Баку и Нахчиван којашто ќе се одржи од 1 до 5 август,

1462981
Турските војници на заедничка вежба во Нахчиван

Дел од турските војници коишто ќе учествуваат во заедничката сеопфатна воена вежба со Азербејџан, пристигнаа во Нахчиван.

Турските војници на мостот Умит на граничниот премин Седерек во Автономната Република Нахчиван беа пречекани со свечена манифестација.

На манифестацијата беа интонирани националните химни на Турција и Азербејџан и беа разменети знамињата. По манифестацијата, војниците беа сместени во воените единици во Нахчиван.

Во рамките на заедничката воена вежба во Баку и Нахчиван којашто ќе се одржи од 1 до 5 август, ќе бидат реализирани различни наредби и задачи, а исто така со оклопни возила, артилериски орудија и минофрлачи симболично ќе се гаѓаат непријателските цели.



Слични вести