МНР: „Ниту една држава не може да им издаде наредба на турските судови“

Повикот на САД не е во согласност со начелата за правна држава

1463284
МНР: „Ниту една држава не може да им издаде наредба на турските судови“

Турција соопшти дека „ниту една држава не може да им издаде наредба на турските судови во врска со судските спорови.“

Портпарлот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој во писмената изјава остро реагираше на повикот на американскиот Стејт департмент за што поскоро окончување на притворот на Осман Кавала.

Повикот на САД не е во согласност со начелата за правна држава, рече Аксој потенцирајќи:

„Против Осман Кавала се води кривична постапка. Сите се принудени да покажат респект кон овој процес кој се води од страна на независните судови. За наведеното лице во февруари беше донесена ослободителна одлука, но поради стекнатите докази за едно друго кривично дело, се води друга постапка.

Сооштението на САД е „

Кога станува збор за екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, како и неколкумесечниот притвор на поранешниот генерален диркетор на Халкбак, Хакан Атилла, САД не се стрема да ги изнесат правните регулативи и постапки, Затоа сега мешањето во овој судски процес навистина е многу контрадикторен став на Америка.

Турција е правна држава. Ниту една друга земја нема право да им издаде наредби на турските судови“ подвлече портпаролот на МНР, Аксој.



Слични вести