Ердоган: „Никому нема да му дозволиме да посегне по нашиот езан, знамето и татковината“

Ние не гаиме никакви претензии кон териториите, богатството на другите. Единствена жеба ни е да ги заштитиме своите права и интереси.

1462853
Ердоган: „Никому нема да му дозволиме да посегне по нашиот езан, знамето и татковината“

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече: „Никому нема да му дозволиме да посегне по нашиот езан, знамето и татковината.“

По состанокот на претседателскиот кабинет, Ердоган рече: „Денес Турција е земја која е свесна за својата моќ во сите сфери.

Ние не гаиме никакви претензии кон териториите, богатството на другите. Единствена желба ни е да ги заштитиме своите права и интереси.

На сите оние коишто се обидуваат да ја оддалечат Турција од прашањата кои можат да се решат по пат на преговори и постигнување праведни договори, треба да знаат дека ги очекува овој одговор. Свесни сме за тоа дека се промени борбата меѓу државите и заедниците. Турција постојано се обновува од политички, економски, воен аспект. Турција води беспрекорна борба како на преговарачката маса така и на терен.

Во врска со повторното отворање на Аја Софија за вероисповест, претседателот Ердоган рече дека тоа е уште еден доказ за одлучноста за користење на суверените права на Турција. Дискусиите околу тоа како Аја Софија од џамија беше пренаменета во музеј немаат никакво значење.

Веруваме дека употребата на Аја Софија согласно намената за која беше изградена, односно објект за вероисповест, наместо музеј ги усреќи луѓето од сите вери.

Денес уште еднаш се колнеме дека никому, ама баш никому нема да му дозволиме да посегне по нашиот езан, знамето и татковината. Турција денес води нова беспрекорна борба за повторно раѓање. Градиме голема и силна Турција“ “ подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести