Чавушоглу: „Операцијата „Ирини“ на ЕУ го поддржува Хафтар, а ја казнува легитимната влада на Либија“

Аја Софија ќе продолжиме да ја чуваме како културно наследство

1462667
Чавушоглу: „Операцијата „Ирини“ на ЕУ го поддржува Хафтар, а ја казнува легитимната влада на Либија“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека операцијата „Ирини“ на ЕУ го поддржува Хафтар, а ја казнува легитимната влада на Либија.

Министерот Чавушоглу ја прими шпанската министерка за надворешни работи и соработка со ЕУ Аранча Гонзалес Лаја.

По средбата двајцата министри одржаа заедничка прес конференција.

Министерот Чавушоглу на конференцијата го изнесе ставот на Турција во врска со Либија и рече:

„Постигнувањето што поскоро трајно но истовремено и обврзувачко примирје како и повторно преминување кон политичкиот процес е од суштинско значење.“

Во освртот на операцијата „Ирини“ (која е насочена кон ограничување на доставување оружје од море на Либија) министерот Чавушоглу рече:

„Операцијата Ирини апсолутно е пристрасна. Го поддржува Хафтар а ја казнува легитимната влада на Либија.“

Во врска со отворањето на џамијата Аја Софија, Чавушоглу рече:

„Реакцијата на Грција навистина е несфатлива. Беспошното однесување како што е палењето на турското знаме прилега само на Грција. Аја Софија ќе продолжиме да ја чуваме како културно наследство.

Шпанија и мекои други земји го прифаќаат фактот дек Аја Асофија е прашање на суверенитетот на Турција.

Списокот на ЕУ за патување (во рамките на превентивите против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) е надвор од објективните критериуми.

Очигледно е дека списокот е составен врз основа на политички мотиви“ рече Чавушоглу.

Шпанската министерка за надворешни работи Лаја рече дека „трговските и економските односи со Турција се мошне добри“.



Слични вести