Кај Хаќќари е неутрализиран еден терорист, а на северот на Сирија тројца терористи

Во реализирана операција во руралното подрачје на градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата е неутрализиран еден терорист, а во подрачјето на операцијата Извор на мирот на североисточниот на Сирија се неутрализирани тројца терористи

1462044
Кај Хаќќари е неутрализиран еден терорист, а на северот на Сирија тројца терористи

Во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Хаќќари, во југоисточниот дел на земјата, е неутрализиран еден терорист. 

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на градската команда на жандармеријата и градската дирекција на полицијата е реализирана антитерористичка операција во руралното подрачје на градот Хаќќари.

Во операцијата е неутрализиран еден терорист.

Како што се истакнува операциите во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во соопштението се вели следното: "Нашите јуначки командоси кои ги преземаат сите видови мерки во подрачјето спречија уште еден обид за напад и неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ.

 



Слични вести