Претседателот Ердоган ја сподели првата споделена објава на профилот на Џамијата Аја Софија

Претседателот Ердоган на својот профил на Твитер ја сподели првата споделена објава преку новоотворениот профил на Џамијата Аја Софија, Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи

1461124
Претседателот Ердоган ја сподели првата споделена објава на профилот на Џамијата Аја Софија
erdoğan cuma mesajı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели првата објава којашто беше споделена со зборот "бисмиллахиррахманиррахим" преку отворената официјална сметка (профилот) во име на Ајасофја-и Кебир Џаму-и Шерифи (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi). 

Претседателот Ердоган на својот профил ја сподели првата споделена објава на официјалниот профил на Џамијата Аја Софија, односно Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи која денеска со џума намазот (петочната молитва) по изминати 86 години се отвора свечено повторно за верски обред (клањање намаз).

На споделената објава на претседателот Ердоган се наоѓа натписот на арапски "Бисмиллахиррахманиррахим". 

На профилот на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи на социјалната мрежа Твитер, се гледа дека како роден ден е напишан датумот 29 мај, инаку датум кога е освоен Истанбул (на 29 мај 1543).

Од друга страна пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели и порака со честитање на џума (светиот ден петок), со зборовите (Аирлија џума) со фотографија на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи која по изминати 86 години денеска повторно се отвора за верски обред (клањање намаз) 



Слични вести