Од амбасадорот на Турција во САД до потпретседателот Пенс: Аја Софија останува отворена за сите религии

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич покажа реакција на изјавите на американскиот потпретседател Пенс кој по средбата со архиепоскоп Елпидофорос, прелу Твитер повика Аја Софија да остане достапна како извор на инспирација за сите верувања

1461466
Од амбасадорот на Турција во САД до потпретседателот Пенс: Аја Софија останува отворена за сите религии

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич, на споделената објава од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс во врска со Аја Софија преку социјалната мрежа Твитер, му одговори исто така со споделена објава на Твитер со фотографија на Џамијата Аја Софија.

Амбасадорот Килич во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи ќе остане отворена за сите религии и дека нејзините фрески и мозаици внатре ќе бидат зачувани исто како што беа зачувани и во изминатите 500 години.

Освен тоа, Килич го праша Мајк Пенс дали архиепископот на грчката православна црква во САД Елпидофорос истото тоа би можел да го каже и за османлиското наследство во Грција.

Инаку, американскиот потпретседател Мајк Пенс по остварената средба со архиепископот Елпидофорос на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Како што му реков и на архиепископот Елпидофорос, САД во повикот Аја Софија да остане достапна како извор на инспирација и размислување за сите верувања, стои покрај грчката православна црква."

Пенс исто така нагласи дека зачувувањето на верските слободи ѝ внатре во земјата ѝ надвор во странство, е приоритет на надворешната политика на САД, а воедно го подвлече и тоа дека им придаваат вредност и на работите коишто ги прават 1,5 милиони членови на грчката православна црква во САД.

 



Слични вести