Хами Аксој: Франција треба да следи дискретни и рационални политики и да покажува здрав разум

Портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој рече: Франција веќе треба да престане да се гледа себе си на џиновско огледало и треба да следи дискретни и рационални политики и да покажува здрав разум

1460993
Хами Аксој: Франција треба да следи дискретни и рационални политики и да покажува здрав разум

Турција истакна дека Франција треба да следи дискретни и рационални политики и да покажува здрав разум.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, одговори писмено на едно поставено прашање во однос на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција со лидерот на Јужната кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис, а во врска со Источниот Медитеран.

Аксој ја изнесе следната констатација: „Франција, со секоја изјава што ја дава и со секој погрешно фрлен чекор во контекст на случувањата во Источниот Медитеран уште еднаш ја губи својата неутралност и шансата да придонесе за стабилноста.“

Нагласувајќи дека во контекст на Либија пак, од Франција се очекува да направи разлика помеѓу легитимната Влада којашто е призната од страна на меѓународната заедница во рамките на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и агресорот кој повеќе од една година како се обидува да го заземе главниот град Триполи и да ја собори легитимната либиска Влада, Хами Аксој го рече следното: „Во тие рамки, изјавите на францускиот претседател Макрон немаат никакво значење кај нашата земја. Заканувањата против Турција со јазикот на санкции не е ничие право и ќе немаат никаков резултат. Франција веќе треба да престане да се гледа себе си на џиновско огледало и треба да следи дискретни и рационални политики и да покажува здрав разум. Треба да престане да ги поддржува пучистите во Либија и терористите во Сирија, а во Источниот Медитеран пак, оние кои поаѓаат од сфаќањето 'јас сум единствениот стопан овде'. Впрочем, веќе би требала да сфати дека од овие свои политики досега не можеше да добие соодветен резултат и дека не ќе може да добие и во иднина.“ 

Аксој подвлече дека секој чекор што го фрла Турција во Источниот Медитеран е со цел да се одбранат легитимните права и интереси на Турција и кипарските Турци, на основа на меѓународното право.

„По тој повод, Турција, заедно со тоа што ги повторува своите повици за дијалог и соработка коишто ги води со цел воспоставување на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот, нема да се двоуми и да ги одбрани овие свои права коишто произлегуваат од меѓународото право.“ - порача портпаролот на МНР на Турција Хами Аксој.



Слични вести