Борел: Постигнавме согласност со Турција за заедничко работење за прекин на огнот во Либија

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел истакна дека на остварениот телефонски разговор со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу е постигната согласност за заедничко работење за прекин на огнот во Либија

1460940
Борел: Постигнавме согласност со Турција за заедничко работење за прекин на огнот во Либија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел на својот профил на социјалната медија сподели соопштение во врска со остварениот телефонски разговор со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Борел истакна дека е постигната согласност со Турција за заедничко работење за прекин на огнот во Либија.

Велејќи дека по состанокот на Советот за за општи работи и надворешни односи на 13 јули на кој беше разговарано за Турција и случувањата до коишто доаѓа во Источниот Медитеран остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Борел го истакна следното: „Постигнавме согласност за намалување на затегнатоста и за остварување на средба пред неформалниот состанок на Советот на Гимнич (што ќе се одржи наредниот месец). Освен тоа, се договоривме по прашањето на заедничко работење за прекин на огнот во Либија, во рамките на Берлинскиот процес посветен на Либија (јануари 2020 година).“ 

 



Слични вести