Бајрамов се заблагодари за пораките со поддршка од Турција против ерменските напади

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов истакна дека пораките со поддршка од страна на турските функционери против ерменските напади претставуваат јасен пример за тоа дека братскиот турски народ стои покрај Азербејџан

1460864
Бајрамов се заблагодари за пораките со поддршка од Турција против ерменските напади

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го прими амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал. 

Во оваа пригода Бајрамов истакна дека пораките со поддршка коишто пристигнуваат од страна на турските функционери против ерменските напади претставуваат јасен пример за тоа дека братскиот турски народ во лоши денови стои покрај Азербејџан.

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Азербејџан, министерот Џејхун Бајрамов истакна дека не е случајно тоа што по назначувањето на оваа должност својата прва средба со претставниците на дипломатските мисии сќја одржува со амбасадорот на Турција и дека тоа е манифестација на пријателството, братството и односите со стратешка соработка помеѓу двете земји.

Потсетувајќи дека помеѓу двете земји постои соработка на високо ниво во сите сфери, Бајрамов нагласи дека е сигурен во тоа оти оваа соработка ќе се развива и во иднина.  

Министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов се осврна и на реализираните напади од страна на ерменската армија на 12 јули врз пограничните области на Азербејџан во врска со што го рече следното: „Анализирајќи ги случувањата отворено се гледа дека овој обид за напад претставува однапред планирана провокација. Голем број држави и меѓународни организации го поддржаа Азербејџан. Изјавите на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган и министрите за надворешни работи и национална одбрана, како и поддршката што ја покажа турскиот народ во овие лоши денови, се јасен пример за тоа дека Турција е покрај Азербејџан.“ 

Амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал пак, го изрази своето сочувство за азербејџанските војници кои станаа шехиди (загинаа) во нападите на Ерменија, а воедно нагласи дека судбината на Азербејџан, е судбина и на Турција.



Слични вести