Аја Софија по изминати 86 години повторно се отвора за верски обред (клањање намаз)

Големброј граѓани кои сакаат да го клањаат првиот намаз во Џамијата Ајасфја-и Кебир (Ayasofya-i Kebir Camii) уште од раните утрински часови почнаа да пристигнуваат на местата кадешто се формирани безбедносно-контролни точки

1461020
Аја Софија по изминати 86 години повторно се отвора за верски обред (клањање намаз)
ayasofya camisi.jpg

Аја Софија која повторно се стекна со својот статус на џамија, денеска со клањање на џума намаз (петочната молитва) по изминати 86 години повторно се отвора за верски обред (клањање намаз).

Големброј граѓани кои сакаат да го клањат првиот намаз во Џамијата Ајасфја-и Кебир (Ayasofya-i Kebir Camii) уште од раните утрински часови, по утринската молитва (сабах намаз) почнаа да пристигнуваат на местата кадешто се формирани безбедносно-контролни точки.

Надлежни, поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на формираните безбедносно-контролни точки по дезинфекцијата, на пристигнатите граѓани им раздаваат маски и сеџадиња (простирка за клањање намаз) за еднократна употреба, а воедно се мере и телесната температура. 

На денешното свечено отворање на Џамијата Ајасофија за верски обред (клањање намаз) учествуваат претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на опозиционата Партија за национално движење (МХП) Девлет Бахчели, како и други познати политичари и личности и голем број граѓани.

Претседателот Ердоган пристигна во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи за џума намаз (петочната молитва), а во негова придружба беа и потпретседател Фуат Октај, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, шефот на Одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, министерот за здравство Фахреттин Коџа и претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели.

Исто така се согледува дека во околината на Џамијата Аја Софија пристигнуваат и голем број домашни и странски туристи.

Во областа се преземени безбедносни мерки од широк обем и се распоредени и задолжени голем број полициски екипи.

Во рамките на преземените мерките за спречување на ширење на коронавирусот, предвидено е џума намазот (петочната молитва) да се клања во пет определени зони на отворено и тоа три за мажи и две за жени.

Исто така на терен се и 736 здравствени работници распоредени на 17 локации, амбулантни возила и амбулантен хеликоптер.

Во меѓувреме, програмата во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи се следи и од страна на голем број претставници на печатот од голем број земји ширум светот.

Претставниците на печатот кои се дојдени од муслиманските простори и од европските земји своите емисии ги емитуваат од платформата којашто е подготвена на мегданот пред џамијата.

 



Слични вести