Аја Софија по изминати 86 години повторно отворена за верски обред (клањање намаз)

Аја Софија која повторно се стекна со својот статус на џамија по изминати 86 години повторно е отворена за верски обред (клањање намаз)

1461278
Аја Софија по изминати 86 години повторно отворена за верски обред (клањање намаз)
AYASOFYA.1.24.07.jpg
5f1a8f5bf106b.jpg
AYASOFYA.4.24.07 (2).jpg
AYASOFYA.2.24.07.jpg
AYASOFYA.3.24.07.jpg
erdogan.jpg
ali erbas.jpg
5f1a8f60adfac.jpg

Џамијата Аја Софија денеска со клањање на џума намаз (петочната молитва) по изминати 86 години повторно е отворена за верски обред (клањање намаз).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така дојде во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи кадешто пред клањање на џума намаз читаше Куран-и Керим.

Претседателот Ердоган од свјот дом во Кисикли на мегданот на Аја Софија пристигна околу 12:00 часот по турско време кадешто од страна на големиот број насобрани граѓани беше дочекан со аплаузи и овации.

Граѓаните кои ги исполнија сите мегдани околу Аја Софија за клањање на џума намаз, со пристигнувањето на претседателот Ердоган почнаа да извикуваат слогани со поддршка.

Претседателот Ердоган беше пречекан од страна на претседателот за верски прашања Али Ербаш и потоа влезе во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи.

Во придружба на претседателот Ердоган во џамијата дојдоа и потпретседателот Фуат Октај, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, шефот на Одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, министерот за здравство Фахреттин Коџа и претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на програмата којашто беше организирана во џамијата од страна на Управата за верски прашања, слушаше Куран-и Керим.

Потоа од четирите минариња на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи, од страна на 4 муезини беше читано сала.

По прочитаната сала којашто се возвиши од минарињата, претседателот Ердоган ги читаше сурата Фатиха и првите 5 ајети на сурата Бакара.

Потоа џемаатот (верниците) во придружба на претседателот за верски прашања Али Ербаш читаше дова.

По клањањето на сунет намазот, Али Ербаш ја читаше худбата и го водеше фарз намазот.

Отворањето на Џамијата Аја Софија за верски обред (клањање намаз-ибадет) се најде на чело на дневниот ред и со споделените објави на платформите на социјалните медиуми.

На чело на социјалната мрежа Твитер се најдоа споделените објави од страна на корисниците со етикетата #AyasofyaCamii (#АјасофијаЏамија).

Отворањето за верски обред на Џамијата Аја Софија освен преку телевизиските канали беше емитувано во живо и преку платформите на социјалните медиуми.

Програмата беше следена во живо и преку личните сметки (профили) на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на социјалните медиуми, како и преку сметката (официјалниот профил) на Твитер отворена во име на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи.

По клањањето на џума намазот (петочната молитва), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Партијата за национално движење (МНП) Девлет Бахчели го посетија турбето (спомен гробот) на Фатих Султан Мехмет Хан.

Во изјавата што ја даде овде, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: "Веќе ова место е вратено во својата вистинска намена, беше џамија и повторно стана џамија. Сега Иншаллах (со Аллахова помош) вечно ќе продолжи да им служи на сите верници како џамија."

Ердоган напомена дека (Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи) е место каде можат да дојдат и да го посетат луѓе од сите религии, како културно наследство на целото човештво. 

Велејќи дека на отворањето на Аја Софија повторно за верски обред (клањање намаз, ибадет) денеска на џума намаз (петочната молитва) учествуваа 350 илјади лица, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: "Сега има работи за реставрација коишто треба да ги реализира Министерството за култура и туризам, внатре и надвор. Заедно со овие работи за реставрација, Иншаллах (со Аллахова помош) нашата Аја Софија ќе ја претвориме во многу поразлична, многу позначајна градба."

Потоа во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи по изминати 86 години се клањаше и првата икиндија намаз.

Заедно со читање на езанот за икиндија во 17:13 часот по турско време во Истанбул, голем број граѓани повторно застанаа на намаз во Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи.

 



Слични вести