Денес се одржа состанокот на Врховниот воен совет на Турција
Висока дисциплинираност, можта на одвраќање на непријателот, супериорните способности продолжуваат да важат за гаранција на нашата татковина и иднината

Денес под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец во Анкара се одржа состанокот на Врховниот воен совет на Турција.
Состанокот кој започна во 12.15 часот и беше затворен за печатот траеше 45 минути.
Претседателот Ердоган пред состанокот заедно со членовиот на Врховниот воен совет најпрвин го посетија Мавзолејот на Ататурк (Аниткабир) и положија венец.
Во рамките на посетата на мавзолејот, претседателот Ердоган во спомен книгата напиша:
„Успесите што ги постигнавме во Сирија, Либија, Источниот Медитеран и борбата против тероризмот ја одразуваат моќта и спсобноста на нашата армија. Висока дисциплинираност, можта на одвраќање на непријателот, супериорните способности продолжуваат да важат за гаранција на нашата татковина и иднината.“