Бродот „Оруч Реис“ подготвен за нови сеизмички истражувања во Источниот Медитеран

Бродот „Оруч Реис“ е подготвен за својата задача за реализирање на нови сеизмички истражувања во Источниот Медитеран

1460546
Бродот „Оруч Реис“ подготвен за нови сеизмички истражувања во Источниот Медитеран

Бродот „Оруч Реис“, кој е едниот од 5 или 6-те целосно опремени и повеќенаменски бродови за истражување и кој ќе реализира нови сеизмички истражувања во Источниот Медитеран, е подготвен за својата нова задача.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, минатата година во јули соопшти преку социјалната медија дека бродот „Оруч Реис“ ќе ги започне своите активности за сеизмички истражувања во Средоземното Море. 

Веднаш потоа се започнати неопходните работи.

Бродот „Оруч Реис“ кој претходно реализираше активности за сеизмички истражувања во Црното Море и Мраморното Море, сега ги продолжува своите активности во Средоземното Море.

„Оруч Реис“ како последно реализира тродимензионални сеизмички истражувања во локацијата Западен Ѓузелјурт-2 и по направените неопходни подготовки ќе отплови за Источниот Медитеран. 

Бродот кој пред извесно време се укотви на кејот надвор од пристаништето на Анталија, се очекува да започне со активности на нови сеизмички истражувања во Источниот Медитеран. 

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, а пред се истражувања на континенталниот гребен и на природни извори.



Слични вести