Турција за своите активности за сондажа објави NAVTEX во околината на островот Меис (Кастелоризо)

Одделот за навигациска хидрографија и океанографија на турските Поморски сили објави NAVTEX (поморска предупредувачка белешка за навигациски информации) за областа помеѓу островите Меис (Кастелоризо) и Родос која ќе важи во периодот од 21 јули до 2 август

1459547
Турција за своите активности за сондажа објави NAVTEX во околината на островот Меис (Кастелоризо)

Турција, во рамките на своите активности за дупчење (сондажа) коишто ќе ги реализира со своите бродови за сеизмички истражувања прогласи NAVTEX (поморска предупредувачка белешка) околу островот Меис (грчки Кастелоризо).

Одделот за навигациска хидрографија и океанографија на турските Поморски сили ја објави пораката NAVTEX за областа помеѓу островите Меис (грчки Кастелоризо) и Родос која ќе важи во периодот од 21 јули до 2 август.

Во објавата за пловидба е прогласено дека бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ ќе реализираат сеизмички истражувања во наведената област.

Инаку, Турција во рамките на своите права коишто произлегуваат од „договорот за разграничување на сферите на надлежност во морето“ којшто го потпиша минатата година со Либија, располага со надлежност за прогласување и на NAVTEX во овие зони.

Што значи NAVTEX?

НАВТЕКС е електронски уред којшто дава информации во врска со метеоролошки прогнози, пловидби-крастарења, како и доставување на итни и безбедносни информации и информации во врска со зоните во морето кадешто се вршат активности или истражувања.

Емитувањето коешто се реализира од средна бранова должина може да достигне до оддалеченост од 400 морски милји (околу 740 километри).



Слични вести