Претседателот Ердоган сподели објава со музички спот на неколку јазици посветен на Аја Софија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со музички спот на песна за Аја Софија чиј автор на текст и композитор е Јуџел Арзен, а која е испеана на различни јазици

1459948
Претседателот Ердоган сподели објава со музички спот на неколку јазици посветен на Аја Софија

Џамијата Аја Софија на 24 јули, во петок, ќе биде отворена за верски обред (клањање намаз).

Во екот на подготовките за клањање намаз во Џамијата Аја Софија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа сподели објава со музички спот на песна за Аја Софија чиј автор на текст и композитор е Јуџел Арзен.

Песната во музичкиот спот се пее од страна на пејачи од различни земји и тоа на киргиски, бошњачки, албански, азериски, курдски, свахили, арапски, бенгалски, како и на турски од страна на Јуџел Арзен.

Музичкиот спот како и зборовите на оваа песна наиде на голема заинтересираност.

Претседателот Ердоган во споделената објава напиша: „ Аја Софија... Над твојот свод (твоето кубе) нека веат ветровите на слободата. Уште од памтивек ти си наша, а ние сме твои.“

Инаку, Одделот број 10 при Државниот совет на Турција со донесената одлука на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри со датум од 24 ноември 1934 година во однос на пренамената на Аја Софија од џамија во музеј и на тој начин беше отворен патот за отворање на Аја Софија за верски обред (клањање намаза), односно нејзина пренамена од музеј повторно во џамија.

Во образложението на одлуката на Државниот совет беше истакнато дека Аја Софија е во сопственост на Вакафот (Фондацијата) на Фатих Султан Мехмет Хан и дека е ставена во услуга на народот како џамија.

Во образложението стои следното: „Дојдено е до заклучок дека џамијата која е внесена во имотниот лист на Вакафот (Фндацијата) како џамија правно не е можно да се користи надвор од нејзината намена и со друга цел.“

 

 



Слични вести