Калин: Турција е апсолутно против било каква поделба на Либија и ќе продолжиме да ја поддржуваме
Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека Турција и дава поддршка на Владата во Либија кадешто се наоѓа на нејзина покана и ја достави следната јасна порака: „Ние сме апсолутно против поделбата на Либија на картата, политички или географски“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во програмата на еден приватен телевизиски канал даде изјави во врска со случувањата во Либија.
Калин рече: „Ние сме апсолутно против поделбата на Либија на картата, политички или географски.“
Велејќи дека Турција и дава поддршка на Владата во Либија кадешто се наоѓа на нејзина покана, Калин ја достави следната јасна порака: „Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме либиската Влада.“
Портпаролот Ибрахим Калин нагласи дека Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија и наштетува на земјата и без да располага со било каква легитимност се обидува да ја подели земјата и да ја презеде контролата.
„Уште од самиот почеток им велиме на земјите кои го поддржуваат Хафтар во Либија дека Тој не е доверлив партнер и дека две години како ги прекршува сите договори за прекин на огнот и мировниот процес. Ние сме на страната на политичкиот процес во Либија, не сакаме воена затегнатост. Освен тоа, ние сме и против поделбата на Либија помеѓу Бенгази и Триполи, тоа се опасни мисли за нас од коишто треба да се избегнува.“ - порача Калин.
На едно поставено прашање во однос на тоа „Дали военото присуство на Турција во Либија ќе биде трајно?“, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин одговори со следните зборови: „Либија е суверена земја и таа самата одлучува за тоа со кои други земји какви видови договори сака да склучува, било политички, било воени, социјални и економски. Ние сме апсолутно против поделбата на Либија на картата, политички или географски. Тоа би било катастрофално сценарио. Ги видовме примерите од тоа во Ирак, Сирија и во други земји, така да треба да извлечеме лекција од тоа.“