Дваесет и прва заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека на Автопатот М-4 во должина на линијата Трумбах-Ајн Ал Хавр во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, е реализирана дваесет и првата заедничка турско-руска копнена патрола

1459932
Дваесет и прва заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

На Автопатот М-4 во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, е реализирана дваесет и првата заедничка турско-руска копнена патрола.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во рамките на меморандумот помеѓу Турција и Руската Федерација, на Автопатот М-4 во Идлиб во должина на целата утврдена маршрута помеѓу Трумбах и Ајн Ал Хавр, со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија е реализирана дваесет и првата заедничка турско-руска копнена патрола.“

 

 



Слични вести