Мевлут Чавушоглу: Турција посакува да придонесе во развојот на Нигер

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средбата со претсеателот на Нигер Махамаду Исуфу истакна дека Турција посакува да придонесе за развојот на Нигер за во иднина, во сферите на транспортот, енергијата и земјоделството

1459235
Мевлут Чавушоглу: Турција посакува да придонесе во развојот на Нигер

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во официјална посета на западноафриканската држава Нигер беше примен кај претседателот на оваа земја Махамаду Исуфу.

Чваушоглу во дадената изјава по приемот истакна дека се стекнале со можност да разговараат за тоа како би можеле да се развијат односите помеѓу Турција и Нигер во сите сфери и констатира дека Нигер има план за развој и голема визија за во иднина.

Чавушоглу напомена дека Турција сака да придонесе во развојот на Нигер и го рече следното: „Во тие рамки, многу им благодарам особено поради тоа што имаа доверба во турските фирми и им обезбедија учество во проекти. Ние како Турција сакаме да придонесеме за развојот на Нигер за во иднина, во сферите на транспортот, енергијата и земјоделството.“

Велејќи дека со Нигер ќе бидат потпишани договори во правец на соработка во сферите на младоста и спортот и воената сфера, Чавушоглу рече: „Додека заедно со другите потпишани договори ја зајакнуваме правната инфраструктура на нашите односи, заедно со нивното применување ќе ја зајакнеме уште повеќе нашата соработка.“

Мевлут Чавушоглу појасни дека на средбата со нигерскиот претседател Махамаду Исуфу направиле проценка и на прашањето на соработката против тероризмот.

„И ние гледаме како Нигер и општо Африка е подложена на влијанието на тероризмот и земјата која го разбира најдобро Нигер во неговата борба против тероризмот е Турција, бидејќи и ние долги години како водиме борба против различните димензии на тероризмот.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на средбата со претседателот Махамаду разговарале и за некои регионални прашања на чело со Либија и го додаде следното: „Влијанието на ситуацијата во Либија во секоја сфера, во секоја смисла најмногу го чувствуваат соседните земји, крајбрежните земји и Нигер.“

 



Слични вести