Во терористички напад кај градчето Азез на северот на Сирија загинаа 5 цивили, а 85 мина се ранети

Кај градчето Азез во северниот дел на Сирија, е реализиран терористички напад со возило бомба во кој според првични информации животот го загубија 5 цивили, а 85 мина се ранети

1457938
Во терористички напад кај градчето Азез на северот на Сирија загинаа 5 цивили, а 85 мина се ранети

Во реализиран терористички напад со возило бомба во од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кај градчето Азез во северниот дел на Сирија, според првични информации животот го загубија 5 цивили, а 85 мина се ранети.

Ранетите во експлозијата до која дојде во селото Сиџу кај Азез, инаку подрачје кое се наоѓа под контрола на сириската опозиција, беа префрлени на лекување во околните болници и во болниците во Турција.

Безбедносни извори истакнуваат дека бомбашките акции во подрачјето ослободени од тероризмот се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, но дека поради тоа што во овие напади гинат цивили, им се наштетува на цивилите, терористичката организација избегнува од јавно преземање на одговорноста за нападите.

Инаку, и вчера наутро експлодира бомба поставена во возило на Сириската национална армија (СНА) во центарот на населеното место Африн при што и во овој терористички напад беа ранети 13 лица.

Терористите на ПКК/ЈПГ кои согласно постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија на 22 октомври 2019 година треба да го напуштат подрачјето на градчето Тел Рифат го продолжуваат своето тамошно присуство и оттаму често реализираат терористички напади врз подрачјата на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн кои се исчистени од тероризмот и се наоѓаат под контрола на сириските опозиционери.



Слични вести