Во првата половина на годинава од Истанбул полетаа над 20 милиони туристи

Во првата половина на годинава од истанбулските аеродроми беа остварени 165 714 летови

1458488
Во првата половина на годинава од Истанбул полетаа над 20 милиони туристи

Воздушниот сообраќај кој се раздвжи со новиот период на нормализација на секојдневниот живот во периодот на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), се одрази и врз статистичките податоци на аеродромите на Истанбул.

Бројот на внатрешните и надворешните летови од аеродромот Ататурк изнесува 16 219.

Додека оваа бројка од аеродромот Сабиха Ѓокчен изнесува 52 972, а од Истанбулскиот аеродром, новиот центар на воздупловството се зголеми на 96 523.

На тој начин, во првата половина на годинава од истанбулските аеродроми беа остварени 165 714 летови.

47 отсто од 350 881 лет од аеродромите во Турција во периодот од јануари до јуни се реализираат од Истанбул.

По минатогодишното пренесување во април, од аеродоромот Ататурк летаат само приватни и карго авиони.

Во првата половина на годинава од аеродромот Сабиха Ѓокчен патуваа 7 556 340 патници.

Истанбулскиот аеродром во истиот период беше домажин на 12 907 946 патници.

На тој начин, во наведениот период од аеродромите на Истанбул полетаа над 20 464 286 патници.



Слични вести