Специјално видео од Министерството за национална одбрана посветено на Мировната операција на Кипар

Министерството за национална одбрана сподели специјално видео преку социјалните медиуми по повод одбележувањето на 46. годишнина од реализацијата на Мировната операција на Кипар од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јули, 1974 година

1458289
Специјално видео од Министерството за национална одбрана посветено на Мировната операција на Кипар

Во објавеното видео од страна на Министерството за национална одбрана по повод одбележувањето на 46. годишнина од Мировната операција на Кипар, се истакнува дека турските војници се гаранција за слободата, независноста и спокојството на кипарските Турци на островот.

Во споделената објава од сметките на Министерството за национална одбрана на социјалните медиуми се доставува следната порака: „На годишнината од Мировната операција на Кипар којашто е реализирана пред 46 години со цел да се стави крај на зулумот против нашите браќа кипарски Турци и да се донесе мир на островот, со милост и благодарност се сеќаваме на нашите јуначки шехиди (паднати борци) и газии (ветерани), а на нашите газии (ветерани) кои се живи им посакуваме долг живот.“

Во видеото споделено со оваа порака се потсетува дека островот Кипар е дел од Анадолија и дека заедничката судбина започна во 1571 година. 

Во видеото има снимки од убиените кипарски Турци од страна на кипарските Грци со различни измачувања без да се води грижа дали станува збор за жени, мажи, деца, стари, млади.

Притоа се вели следното: „Република Турција која не можеше да остане индиферентна од повикот од се срце на нашите сонародници кои живеат на 400 годишната татковинска територија, на кипарските Грци кои велеа 'Чекав, но не дојде', им одговори со зборовите 'Една ноќ можам да дојдам ненадејно' и ги направи своите потребни подготовки.“

На снимките во видеото коишто продолжуваат во придружба на композицијата „Една ноќ можам да дојдам ненадејно“ на композиторот на турска музика Рушту Шардаг, се нагласува дека со реализираната операција утрото на 20 јули 1974 година, турските војници ги донесоа мирот, благосостојбата и силата на турската нација на целиот остров Кипар и дека тие се гаранција за слободата, независноста и спокојството на кипарските Турци.

Исто така и во споделената објава од страна на Генералштабот со милост и благодарност беше посетено на јуначките шехиди (паднати борци) и газии (ветерани), на одбележувањето на 46. годишнина од Мировната операција на Кипар.

 



Слични вести