Бродот за сондажа „Фатих“ го започна првото дупчење во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека бродот за дупчење „Фатих“ своето прво дупчење во Црното Море го започна на локацијата Туна-1

1458388
Бродот за сондажа „Фатих“ го започна првото дупчење во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Данмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со првото дупчење (првата сондажа) на бродот за дупчење „Фатих“ во Црното Море во локацијата Тина-1, го напиша следното „Ако има, сигурно ќе најдеме.“

Министерот Донмез информира дека бродот за дупчење „Фатих“ своето прво дупчење во Црното Море го започна на локацијата Туна-1.

Велејќи дека за енергетската независност на Турција ќе се истражува и бара секој квадратен метар од морињата, Фатих Донмез ја сподели следната информација: „Фатих, со довата (молитвата) и поддршката на нашиот народ, своето прво дупчење (прва сондажа) во Црното Море ја започна во локацијата Туна-1.“

Инаку, првиот брод за дупчење на Турција „Фатих“ беше испратен во пристаништето на градот Трабзон на Црното Море на 29 мај од Истанбул.

Бродот за дупчење „Фатих“, отплови  за Црното Море кадешто ќе реализира активности за пребарување на јаглеводородни извори на денот на одбележување на 567. годишнина од освојувањето на Истанбул (на 29 мај 1453 од страна на османлискиот султан Фатих Султан Мехмет).

На свеченото испраќање на бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“ учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Притоа за да можеше на помине под висечките мостови на Босфорот неговите кули високи 103 метри беа демонтирани во пристаништето Хајдарпаша и нивното повторно монтирање беше извршено во пристаништето на Трабзон.



Слични вести