Акар: Од суштинско значење е што поскоро да се прекине помошта и поддршката на пучистот Хафтар во Либија

Министерот Акар истакна дека што поскоро треба да се прекине помошта и поддршката коишто му се доставуваат на пучистот Хафтар, кој го попречува воспоставувањето на мирот, спокојството и територијалниот интегритет во Либија

1458420
Акар: Од суштинско значење е што поскоро да се прекине помошта и поддршката на пучистот Хафтар во Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека одржаниот трилатерален состанок со либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага и со министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта Бајрон Камилери, денеска во Анкара, помина крајно позитивно.

Министерот Акар истакна дека што поскоро треба да се прекине помошта и поддршката коишто му се доставуваат на пучистот Хафтар, кој го попречува воспоставувањето на мирот, спокојството и територијалниот интегритет во Либија.

„Верувам дека придонесот што ќе го обезбедуме за мирот и стабилноста во Средоземното Море и во нашиот регион, овие напори и активности коишто ги вложуваме, ќе станат значаен модел не само за нас, за нашиот регион, туку истовремено и за целиот свет.“ - рече Акар.

По трилатералниот состанок што се одржа на покана на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, а со учество и на либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага и со министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта Бајрон Камилери, се одржа прес-конференција.

Нагласувајќи дека постепено растат одговорностите на Турција во меѓународен план, Хулуси Акар го рече следното: „Во тие рамки, би можел да го кажам тоа дека почнавме да ги добиваме позитивните плодови на нашите активности за придонсеување кон безбедноста и стабилноста.“

Привлекувајќи внимание дека продолжуваат активностите во Либија во рамките на активностите коишто се реализираат со Владата на национално единство која е призната од страна на Обединетите нации (ОН), министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Продолжуваат нашите активности за воена обука, соработка и консултантство. Би сакал секој да го знае тоа дека постојано сме покрај нашите либиски браќа. Нашите залагања по ова прашање продолжија до денеска, а на ист начин би сакал да го подвлечам тоа дека нашата соработка со нашите либиски браќа, со признатата влада од страна на Обединетите нации (ОН) ќе продолжат. Знаеме дека најголемата препрека за постигнување на оваа цел, е пучистот Хафтар. Така да, од суштинско значење е што поскоро да се прекине секој вид помош и поддршка коишто му се доставуваат на пучистот Хафтар, кој претставува препрека пред воспоставувањето на мирот, спокојството, довербата и територијалниот интегритет во Либија.“

Министерот Акар се осврна и на коренитите и историски врски на Турција со Малта и Либија во врска со што го рече следното: „Би сакал да го истакнам тоа дека сум крајно задоволен од тоа што ги ислушав ценетите погледи на моите двајца драгоцени пријатели и од споделување на нашите заеднички погледи и ставови со нив. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам и поради одлучниот и конструктивен став на Малта по прашањето на политичкото решение во Либија.“

„Верувам дека дијалогот, соработката, активностите меѓу нас ќе продолжат и во наредниот период. Би сакал да го истакнам и тоа дека овие активности коишто ќе ги реализираме ќе обезбедат многу значајни придонеси по прашањето на што поскорото воспоставување на стабилноста, ѝ во Либија ѝ во нашиот регион.“ - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести