Значајни изјави од Ибрахим Калин за „CNN International“ во врска со одлуката за Аја Софија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин даде значајни изјави за телевизијата „CNN International“ (СНН Интернешнл) во врска со одлуката за пренамена на Аја Софија од музеј повторно во џамија

1457557
Значајни изјави од Ибрахим Калин за „CNN International“ во врска со одлуката за Аја Софија

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин даде значајни изјави за телевизијата „CNN International“ (СНН Интернешнл) во врска со одлуката за пренамена на Аја Софија од музеј повторно во џамија и состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција.

Калин рече: „Во Турција постои верска слобода.“

На прашањето дали претседателот Ердоган е загрижен од втор бран на Ковид-19 во Турција?“, Ибрахим Калин одговори: „Како и сите, ние исто така сме загрижени за тоа што би можело да се случи понатаму, бидејќи не располагаме со точни информации во однос на тоа како ќе се однесува вирусот. Дали ќе мутира? Дали повторно ќе се промени? Дали повторно ќе се врати? Ковид-19 покажа ја покажа слабоста на постоечкиот глобален систем и дека дури и најсилните нации би можеле да станат жртва на нешто слично на вирус. Затоа постои потреба од сериозна меѓународна соработка.“

Во врска со изјавата на духовниот лидер на католиците папата Франциско во врска со одлуката на Турција за Аја Софија „Мислам на Аја Софија, многу сум разжалостен“, Калин рече: „Не треба да биде разжалостен за тоа (Аја Софија), бидејќи е извадена од место коешто го посетуваат само туристи и е пренаменета во верски објект за богослужба кадешто ќе се споменува името на Аллах (името на Бога). Ова место не е пренаменето од црква во џамија, туку од музеј во џамија. Заедно со тоа освен тоа што ќе биде џамија ќе остане и како културен простор.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет се осврна на тоа дека во Турција постои динамична верска малцинска заедница и појасни дека им беа вратени имотите на еврејското и христијанското малцинство кои беа конфискувани поради различни политички причини во 1930-тите и 40-тите години.

Привлекувајќи внимание дека верските малцинства во Турција имаат ист статус како и сите други граѓани во земјата, Калин истакна дека ако малцинствата бидат прашани за нивната состојба тие ќе одговорат „ги уживаат своите верски слободи колку и било која друга верска заедница во земјата.“

На прашањето „Дали одлуката за пренамена на Аја Софија од музеј повторно во џамија укажува на крајот на секуларизмот во Турција?“, Ибрахим Калин одговори дека таквите грижи се непотребни и рече: „Некои од дадените изјави по одлуката на Турција за Аја Софија се потпираат на некои стари претпоставки и предрасуди. Во Турција постои верска слобода.“

На прашањето „Што ќе стане со мозаиците коишто се наоѓаат во Аја Софија, по одлуката на Турција?“, портпаролот Калин рече дека овие мозаици ќе продолжат повторно да се зачувуваат исто како и во последните 500 години.

Укажувајќи на тоа дека овдешните мозаици се дел од културното наследство, Ибрахим Калин го истакна следното: „Тоа се убави мозаици кои ги опишуваат Исус Христос, Дева Марија и други христијански личности. Тие ќе бидат зачувани и непроменети. За време на времињата за намаз за муслиманите (овие мозаици) ќе бидат покриени, меѓутоа тие нема да бидат допрени, за што правиме некои уредувања. На тој начин нема да бидат подложени на влијание (нема да бидат оштетени) или нема да бидат расипани од светлина или од нешто друго. Светилиштето ќе биде зачувано и туристите ќе можат да го посетуваат како и претходно.“

На прашањето „Дали би можеле да потврдите дека Аја Софија како светско наследство, ќе остане отворена за туристите?“, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, го додаде следното: „Апсолутно. Оние кои веруваат, оние кои не веруваат, муслимани, христијани, будисти, мислам на сите.“

 



Слични вести