Претседателот Ердоган во обиколка на Аја Софија пред нејзиното отворање за верски обред на 24 јули, во петок

Претседателот Ердоган денеска од својот дом во Кисикли во Истанбул дојде во Џамијата Аја Софија кадешто беше во обиколка од приближно еден час пред нејзиното повторно отворање за верски обред, на 24 јули, во петок

1457809
Претседателот Ердоган во обиколка на Аја Софија пред нејзиното отворање за верски обред на 24 јули, во петок
erdogan ayasofya1.jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(2).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(3).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(4).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(5).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(7).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(9).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(8).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(11).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(12).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(13).jpg
Erdoğan Ayasofya Camii(14).jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во обиколка на Џамијата Аја Софија која на 24 јули, во петок со клањање на џума намаз (петочната молитва) по изминатите 86 години повторно ќе биде отворена за верски обред (богослужба).

Претседателот Ердоган денеска од својот дом во Кисикли во Истанбул дојде во Џамијата Аја Софија кадешто беше во обиколка од приближно еден час.

Во оваа пригода, претседателот Ердоган од страна на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и валијата на Истанбул Али Јерликаја беше информиран во врска со активностите и подготовките коишто се водат за отворањето на 24 јули, во петок.

Претседателот Ердоган беше придружуван од шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и претседателот за верски прашања Али Ербаш.

По остварената обиколка, на излегување од Џамијата Аја Софија, претседателот Ердоган ги поздрави граѓаните.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија на Џамијата Аја Софија со пораката „Аја Софија...“



Слични вести