Објавата на претседателот Ердоган за ТОГГ

Со започнувањето на изградбата на Центарот за инженерство, дизајн и производство ТОГГ, фрливме значаен чекор на патот на остварувањето на 60 годишниот сон

1457705
Објавата на претседателот Ердоган за ТОГГ

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција, со започнување на изградбата на Центарот за инженерство, дизајн и производство ТОГГ, фрли значаен чекор на патот на остварувањето на 60 годишниот сон.

Во објавата преку профилот на социјалните медиуми претседателот Ердоган истакна:

„Денес со започнувањето на изградбата на Центарот за инженерство, дизајн и производство ТОГГ, фрливме значаен чекор на патот на остварувањето на 60 годишниот сон. Сакам да изразам посебна благодарност до големиот турски народ за поддршката како и на сите оние коишто учествуваа во остварувањето на овој сон. Аирлија и со среќа да е.“

Ердоган во објавата го објави и промотивното видео на турскиот автомобил.

Потпретседателот на државата Фуат Октај во објавата преку профилот на социјалните медиуми исто така објави објава посветена на центарот во кој ќе се произведува турскиот автомобил.

Октај во објавата истакна: „Со турскиот автомобил, ќе го оствариме 60 годишниот сон. Со изградбата на Центрите за инженерство, дизајн и производство ТОГГ, повторно ќе биде напишана историјата на производството на домашниот автомобил. Им благодарам на сите кои беа ангажирани во проектот“ рече потпретседателот Октај.



Слични вести