Бројот на новите случаи на Ковид-19 во Турција шест дена по ред под илјада лица

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 16 лица, дијагностицирани се 924 новозаразени, а оздравеа уште 997 пациенти; Досега починаа вкупно 5.491 лице, инфектирани се 219.641, а оздравеа вкупно 202.010 лица

1457837
Бројот на новите случаи на Ковид-19 во Турција шест дена по ред под илјада лица

Шест дена по ред како дневниот број на регистрирани нови случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција е под илјада лица.

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 16 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.491 лице.

Во изминатите 24 часа се направени 41.310 тестирања од кои се дијагностицирани 924 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 219.641 лице.

Со отпуштање од болница на уште 997 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 202.010 лица.

 



Слични вести