Турција ги продолжува своите прекугранични операции против терористите

Турските вооружени сили (ТВС) ги продолжуваат прекуграничните операции против терористите во северните делови на Ирак и Сирија

1457330
Турција ги продолжува своите прекугранични операции против терористите

Во реализирана прекугранична воздушна операција на областите Зап 7 Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се вели следното: "Како резултат на нашите операции коишто ги реализираме со одлучност, со воздушна операција се неутрализирани двајца терористи на ПКК кои биле утврдени во областите Зап и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак. Нашите операции ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист."

Министерството исто така соопшти дека во северниот дел на Сирија се приведени 6 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ од кои четворица во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и двајца во подрачјето на операцијата Маслиново гранче. 

Во меѓувреме, во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека еден терорист на ПКК/ЈПГ кој избегал од терористичките групи во северниот дел на Сирија, се предал во пограничната станица во населеното место Нусајбин кај градот Мардин.



Слични вести