Претседателот Ердоган: Фабриката за првиот домашен автомобил на Турција ТОГГ ќе биде изградена за 18 месеци

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на свечено поставување на камен темелникот на фабриката за изградба на првиот автомобил на Турција ТОГГ (TOGG) го рече следното: „Спремни сме да станеме играч во лигата на најдобрите“

1457536
Претседателот Ердоган: Фабриката за првиот домашен автомобил на Турција ТОГГ ќе биде изградена за 18 месеци
TOGG_Ərdoğan_03.jpg
SPR erdogan togg.jpg
TOGG_Ərdoğan_01.jpg
TOGG_Ərdoğan_02.jpg
SPR togg.jpg
togg.jpg
togg1.jpg
erdogan togg1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свечено започнување на изградбата на Центарот за дизајн и производство на платформата на ТОГГ од чија страна ќе биде произведен првиот домашен автомобил на Турција.

Претседателот Ердоган: „Спремни сме да станеме играч во лигата на најдобрите.“

„Секој припадник на нашиот народ го присвои овој проект кој ги претставува силата и капацитетот на производство на нашата земја. Автомобилот на Турција не само во нашата земја, одекна насекаде низ светот.“ - истакна Ердоган.

Велејќи дека се планира изградбата на фабриката да биде завршена за 18 месеци и автомобилот да биде симнат од производствената лента во последниот квартал на 2022 година, претседателот Ердоган рече: „Со нашиот опсег на производи, технологијата, деловен модел, деловен план и со нашите снабдувачи, спремни сме да станеме играч во лигата на најдобрите.“  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изрази уверување дека ова дело ќе стане инспирација за младите генерации, како еден од симболите на визијата на една голема, силна и иновативна земја, а воедно додаде дека компаниите кои ќе се докажат себе си со ТОГГ (TOGG) ќе фрлат чекор на патот на глобализацијата.



Слични вести