Бројот на излекуваните пациенти заболени од Ковид-19 во Турција достигна до 201.013

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 17 лица, дијагностицирани се 918 новозаразени, а оздравеа уште 1.179 пациенти; Досега починаа вкупно 5.475 лица, инфектирани се 218.717, а оздравеа вкупно 201.013 лица

1457543
Бројот на излекуваните пациенти заболени од Ковид-19 во Турција достигна до 201.013

Пет дена по ред како дневниот број на регистрирани нови случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција е под илјада лица.

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 17 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.475 лицa.

Во изминатите 24 часа се направени 40.943 тестирања од кои се дијагностицирани 918 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 218.717 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.179 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 201.013 лица.



Слични вести