Заедничко соопштение од Собранието на Турција со осуда на нападите на Ерменија врз Азербејџан

Пратеничките групи во Собранието на АК Партијата, Републиканска народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ, објавија заедничко соопштение во кое ги осудија нападите на Ерменија врз Азербејџан

1456627
Заедничко соопштение од Собранието на Турција со осуда на нападите на Ерменија врз Азербејџан

Осуда од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) против Ерменија...

Пратеничките групи во Собранието на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ, објавија заедничко соопштение во кое ги осудија нападите на Ерменија врз Азербејџан.

Потпретседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Сади Билгич на вчерашната пленарна седница на Собранието го прочита заедничкото соопштение потпишано од страна на потпретседателите на Пратеничките групи на четирите политички партии, АК Партијата, ЏХП, МХП и ИЈИ.

Во заедничкото соопштение се вели: „Ние како Големо Народно Собрание на Турција (ТБММ) жестоко ги осудуваме нападите на Ерменија коишто од 12 јули почна да ги извршува врз Азербејџан, во областа Товуз. Ерменија е на погрешен пат. Овие напади коишто претставуваат нов пример на оној позбнат агресивен став на Ерменија која долги години како ги држи под окупација азербејџанските територии Нагорно Карабах и околните области, претставува најголема препрека пред трајниот мир и стабилноста во Јужен Кавказ.“ 

Во заедничкото соопштение се истакнува и следното: „Ја повикуваме меѓународната заедница да ја покаже потребната реакција против овој начин на однесување на Ерменија којшто ги негира (смета за ништовни) правото и законите. Ја повторуваме нашата поддршка за решавање на спорот со Нагорно Карабах со мирољубиви патишта во рамките на меѓународно признатите граници и територијалниот интегритет на Азербејџан. Ерменија треба да се придржува кон резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и одлуките на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и да се повлече од окупираните азербејџански територии.“

„Турција која отсекогаш застанува во одбрана на спокојството и стабилноста и во иднина со сите свои можности ќе продолжи да заземе место покрај Азербејџан во обидите за повторно воспоставување на нејзиниот територијален интегритет, поаѓајќи притоа од сфаќањето 'две држави, еден народ'. По тој повод, го изразуваме нашето сочувство за нашите шехиди (загинати) Азербејџанци, до пријателскиот и братски азербејџански народ и до азербејџанската влада, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“ - стои во објавеното заедничко соопштение од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со осуда против Ерменија.

По прочитаното заедничко соопштение пратениците дадоа поддршка со аплаузи на нозе во салата на Собранието.



Слични вести