Турската крајбрежна стража од морето кај Мармарис-Мугла спаси 37 мигранти

Група мигранти качени на сплав кои во близина на заливот Јешилова кај Мармарис-Мугла биле турнати назад кон турските територијални води, побараа помош по што беа спасени од страна на екипите на турската крајбрежна стража

1456646
Турската крајбрежна стража од морето кај Мармарис-Мугла спаси 37 мигранти

Во Егејското Море во близина на познатото туристичко одморалиште населеното место Мармарис кај градот Мугла се спасени 37 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Група мигранти качени на сплав кои во близина на заливот Јешилова биле турнати назад кон турските територијални води, побараа помош по што на местото на настанот беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Притор беа спасени 37 мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца.

Спасените мигранти беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража и беа изнесени на копно.

Донесените мигранти во пристаништето по законските постапки и беа предадени на Дирекцијата на администрацијата за миграција во Мугла.



Слични вести