Претседателот Ердоган: Апсолутно нема да го оставиме сам братски Азербејџан

Претседателот Ердоган во Истанбул даде значајни изјави во врска со нападите на Ерменија врз Азербејџан, отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз) и прашањето со Либија

1456987
Претседателот Ердоган: Апсолутно нема да го оставиме сам братски Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава во Истанбул правејќи проценка на последните напади на Ерменија врз Азербејџан истакна дека Турција нема да го остави сам братски Азербејџан.

Ердоган рече: „Апсолутно нема да го оставиме сам братски Азербејџан. Нагорно Карабах е под окупација. Тројката од Минск приближно 25-30 години како оваа работа ја остави на маса.“

Во врска со отворањето на Аја Софија за верски обред (клањање намаз), претседателот Ердоган го рече следното: „Нас не не засегаат ниту една од реакциите коишто пристигнуваат од странство. Овој процес на Аја Софија е наше внатрешно прашање на суверенитет. Не може да стане збор било каква интервенција овде од страна на некого во врска со нашето внатрешно прашање на суверенитет (Аја Софија).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган направи проценка и на прашањето со Либија во врска со што го подвлече следното: „Која одговорност ја презедовме во Либија досега ќе продолжиме да ја преземаме на ист начин и во иднина. Нашите либиски браќа нема да ги оставиме сами. Нашите односи со Либија се односи коишто опфаќаат подолг период од 500 години.“



Слични вести