Хулуси Акар: Сѐ уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со тврдењата за вознемирување на француски брод од страна на турските воени бродови во Средоземното Море го рече следното: „Се уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници.

1457092
Хулуси Акар: Сѐ уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше на програмата којашто беше приредена од страна на Универзитетот Богазичи по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.

Во говорот што го одржа овде, министерот Акар меѓу другото се осврна и на тврдењата за вознемирување на француски брод од страна на турските воени бродови во Средоземното Море во врска со што го рече следното: „Се уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници. Нема да дозволиме тоа да биде затворено, ќе одиме до крај. Сите информации, видео и фотографски снимки во врска со ова прашање ги споделивме со цивилните и воените органи на НАТО. Тврдењата се целосно невистинити и нашата праведност е докажана.““

Укажувајќи на тоа дека Турција уште од почетокот презентира пријателски, конструктивен, поддржувачки став отоврен за соработка, Хулуси Акар рече: „Нашите бродови на барање на францускиот брод дури му доставиле и гориво.“

„Освен тоа што францускиот брод не бил вознемирен, во конвојот во кој напредувале три бродови на Турција на начин со влегување меѓу нив со брзина од 20 морски милји, извршил мошне опасен маневар, неземајќи ги притоа во предвид ниту актуелните процедури на НАТО не вопоставил дури и комуникациски контакт. Освен тоа, не можеа да ги достават до органите на НАТО ниту техничките податоци коишто ќе ги поддржат овие нивни тврдења. Органите на НАТО се заблагодарија на турскиот персонал за професионалниот и воздржан приод за време на случајот. така да и ние се уште очекуваме извинување од нашите француски сојузници.“



Слични вести