Во антитерористичките операции кај Сиирт загинаа двајца припадници на специјалните полициски сили

Двајца тешко ранети припадници на специјалните полициски сили за време на вооружена престрелка со терористите кај градот Сиирт и покрај сите напори на лекарите им подлегнаа на раните и станаа шехиди (го загубија животот)

1456053
Во антитерористичките операции кај Сиирт загинаа двајца припадници на специјалните полициски сили

Двајца тешко ранети припадници на специјалните полициски сили за време на антитерористичките операции коишто се водат бо областа на селото Доган кај населеното место Первари во округот на Сиирт, и покрај сите напори на лекарите им подлегнаа на раните и станаа шехиди (го загубија животот).

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, за време на антитерористичката операција на Командата на градската жандармеријата на градот Сиирт вчера на 15 јули дојде до вооружена престрелка со група терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Дегирменташи Тепе.

Во вооружената престрелка беа ранети четворица припадници на специјалните полициски сили од кои двајца потешко.  

Ранетите полицајци со помош на хеликоптер беа префрлени на лекување во Воената болница во градот Ширнак.

Но и покрај сите напори на лекарите двајца тешко ранети припадници на специјалните полициски сили им подлегнаа на раните и станаа шехиди (го загубија животот).

 



Слични вести