Се сруши извидувачки авион на планината Аргос кај градот Ван: Загинаа 7 припадници на полицијата

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека околу 03:00 часот по турско време извидувачки авион се сруши на планината Артос на надморска височина од 2.200 м и дека станаа шехиди (загинаа) 7 припадници на полицијата од кои двајца пилоти

1456045
Се сруши извидувачки авион на планината Аргос кај градот Ван: Загинаа 7 припадници на полицијата

Во близина на градот Ван, во источниот дел на земјата, се сруши извидувачки авион.

Во несреќата станаа шехиди (загинаа) 7 припадници на полицијата од кои двајца пилоти.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава во врска со случајот информира дека околу 03:00 часот по турско време извидувачки авион се сруши на планината Артос на надморска височина од 2.200 метри.

Министерот Сојлу истакна дека екипата за несреќи при Генералната дирекција на полицијата замина за местото каде се сруши извидувачкиот авион во кој се наоѓаа 7 парипадници на полицијата и ги започна работите на планината Артос.

„На нашите шехиди (загинати) за време на извршување на својата задача им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до нашиот народ.“ - рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

 

 



Слични вести