Повик од Чавушоглу до меѓународната заедница на борба против ФЕТО

Во весникот „Дејли Сабах“ кој се објавува на англиски јазик, беше објавен написот на министерот за надворешни работи Мевлут  Чавушоглу под наслов „Се соочуваме со терористичка организација од нова генерација“

1456410
Повик од Чавушоглу до меѓународната заедница на борба против ФЕТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја повика меѓународната заедница сериозно да ја сфати заканата од Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и да стапи во акција без да биде доцна за тоа.

Во весникот „Дејли Сабах“ кој се објавува на англиски јазик беше објавен написот на Чавушоглу под наслов „Се соочуваме со терористичка организација од нова генерација“.

Чавушоглу во овој свој напис укажа на тоа дека ФЕТО е постмодерна терористичка мрежа која е прилагодена кон условите на 21-от век и дека е организирана на начин да може да се инфилтрира во сите институции на државите.

Мевлут Чавушоглу истакна дека припадниците на организацијата го сокриваат својот идентитет на сите нивоа и на апсолутен начин и нагласи дека криејќи се зад паравани (завеси) ширум светот вклучувајќи ги училиштата, граѓанските организации фокусирани на хуманитарна помош развиле една распространета и формална структура.

Велејќи дека организацијата ја смета за легитимна употребата на сите видови инструменти за остварување на своите цели, Чавушоглу привлече внимание дека ФЕТО во сите стратешки важни институции во државата ги сместила подмолно лицата кои чувствуваат (имаат) апсолутна лојалност кон организацијата.

Министерот за надворешни работи во својот напис се осврна и на тоа дека ФЕТО откако забележа дека нејзините тајни активности се дешифрирани го фрли „најкрвавиот чекор“ и потсети дека ноќта на 15 јули 2016 година организацијата се обиде да реализира обид за пуч.

Чавушоглу истакна дека криејќи се зад концептите за интеграција и дијалог се настојува да се создаде перцепција од видот на тоа дека „организацијата ги претставува исламските вредности на Европа“, а воедно го додаде следното: „Нашите очекувања од нашите пријатели се јасни: Приоѓајте кон овие факти со ладнокрвен начин на поглед без предрасуда и немојте да обезбедите постор за делување за ФЕТО. Голем број членови на организацијата со поднесување лажни барања за азил го злоупотребија вашиот либерален правен систем. Веќе треба да се стави крај на оваа ситуација. Треба да бидат фрлени конкретни чекори против терористичката организација ФЕТÖ “.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, како последно, го достави следното предупредување до меѓународната заедница „сфатете ја за сериозно оваа закана и стапете во акција без да биде доцна.“

 



Слични вести